
Жестока караница се случи во Собранието меѓу Талат Џафери од ДУИ и пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев. Расправијата се случи поради скандалозниот избор на синот на Талат Џафери за обвинител, како и неговото спорно влегување на Академијата за судии и обвинители, без притоа целосно да си го оформи образованието.
Во еден момент на расправијата со Јанушев, Џафери ги загуби нервите и почна да кажува тешки навреди, недостојни за функцијата која ја обавува.