ВИДЕО| Талибаните им наложија на дуќаните со облека да ги отстранат главите на куклите во излозите

Талибанските функционери во западната авганистанска покраина Херат им наложија на продавниците да им го отстранат главите на куклуте во излозите, тврдејќи дека тие се противни на исламот.

Покраинскиот шеф на министерството за поттикнување на доблестите и спречување на пороците Азиз ул-Рахман изјави за германската новинска агенција DPA во вторникот дека главите „мора да бидат отстранети“.

Сопствениците на продавниците се обиделе да им објаснат на талибанските власти дека целите кукли со главите не се спротиставени на исламските прописи, бидејќи не претставуваат „идоли“, туку ги корсат само за изложување на облеката за продажба, но не успеале во намерите. Дуќаните за облека така започнале да ги отстрануваат главите од куклите, во согласноста со директивата,

„Потрошивем меѓу 80 и 120 долари за секоја кукла. Можете да ги видите во продавниците во сите муслимански земји“, изјавил во понеделникот Обеидула Јари, лидер на локалната деловна заедница и додал дека околу 20 отсто од дуќаните веќе ја спровеле уредбата.

Министерсвото за поттикнување на доблестите и спречивање на пороците, кое е одговорно за спроведување на талибанската интерпретација на исламот, минатата седмица нареди да се отстранат главите од куклите бидејќи тие се навредливи за исламот, предупредувајќи дека прекршителите ќе бидат казнети. На социјалните мрежи циркулира снимка која прикажува како сопствениците на дуќаните од куклите ги отстрануваат главите.

Талибаните веќе наметнаа строги прописи за однесување во јавниот живот. На возачите од неодамна им е наредено да не пуштаат музика во возилата, и да не примаат жени кои не носат хиџаб, како и кои на подолги дестинации патуваат без придружба на машки роднина. Мажите, пак, во повеќето покраини мора да пуштаат бради. Повеќето училишта за девојчиња се затворени откако талибани ланскиот август повторно се вратија на власт, а жените во некои професии не можат да се вратат на работа.