ВИДЕО| Талибаните во Централната банка депонирале пари и злато запленети во домот на попретседателот Салех

Челниците на радикалното исламистичко движење Талибан ги предале странските валути и златото кое го пронашле во домот на поранашениот авганистански потпретседател Амрула Салех во централната банка на Авганистан, извести во вторникот информативниот поратал Afghan Urdu.

„Талибаните предадоа во централната банка на Авганистан милиони долари и златни шипки, запленети од домот на поранешниот потпретседател Амрула Салех“, објави порталот на Twitter.

Исто така, објавено е видео на кое се гледа група вооружени лица стои покрај два сандака, едниот исполнет со пачки од банкноти, а во вториот се забележуваат плочки од жолт метал и некои пачки.

Во понеделникот авганистанската агенција Khaama Press објави дека талибанските борци во резиденцијата на Салех во провинцијата Панџшир каде дејствува отпорот против новата талибанска власт, пронашле 6,5 милиони долари и 15 златни прачки.

Истиот ден локалниот телевизиски канал Afghanistan International пренесе дека претставник на потпретседателот Амрула Салех ги демантирал распространетите информации дека во неговиот дом се најдени милиони дилари, и оти неговиот претставник рекол дека талибаните заплениле „само 100 илјади долари“.