(Видео) Танкер уништил историска палата во Истанбул

Танкер уништил историска палата во Истанбул на брегот на Босфор, денеска откако се залетал во објектот под мостот на султанот Фатих Мехмет, еден од трите премини меѓу азиската и европската страна на градот.

https://youtu.be/mY1IQC3nsmU

Како што јавуваат медиумите, откажала опремата за управување на танкерот „Витаспирит“, кој плови под знамето на Малта, па бродот директно се забил во палатата изградена во 18 век.

Нема информации за евентуални жртви, а на местото на несреќата се ипсратени полициски бродови, а сообраќајот е во прекин во двата правци.

Палатата во 18 век ја изградил хаким паша Салих Ефендија, а истата се користела за венчавки и за концерти.