Телото на дванаесетгодишно девојче е пронајдено во куфер во XIX арондисман на главниот град Париз, известуваат француските медиуми.
Таткото на девејчето се загрижил, бидејќи таа не се вратила од училиште а случајот во полицијата го пријавила мајката на девојчето.
Започната била итна истрага, по што траги на киднапирање биле пронајдени во подрумот од семејниот дом. На видео-снимките од надзорните камери се гледа дека жена пред зградата носи куфер, кој подоцна е пронајден неколку улици подалеку. Во куферот било пронајдено телото на девојчето.
Лицето и било прекриено со леплива лента и имала неколку расеченици на грлото. Обдукција ќе биде извршена за да се утврдат точните причини за смртта и повредите на девојчето.
Во притвор се наоѓаат четири лица, меѓу нив е и мажот кој ја повикал полицијата откако го пронашол куферот.
Le corps d’une fillette de 12 ans découvert dans une valise (14-15 octobre 2022, Paris) [4K]
▶️ https://t.co/dNF16Vc1BW pic.twitter.com/Z54y3uQkfy— CLPRESS (@CLPRESSFR) October 15, 2022