Тепачка избувна во косовскиот парламент во четвртокот, а еден од пратениците премиерот Арлбин Курти го полеа со вода по вжештената тридневна јавна расправа за аудиоснимки од разоворот меѓу членка на владејачката партија и српски функционер од северот, каде што е доминатно спрското население.
Опозицијата на Косово подолг период го обвинува националистичкиот премиер Албин Курти, како што пренесува Reuters, дека неговото управување со тензичната ситуација на северот ги влоши односите со западните сојузници, САД и Европската унија, со чиешто покровителство албанското мнозинство во поранешната српска јужна покраина Косово и Метохија еднострано во 2008 година прогласи независна Република Косово.
Безредијата на северот пред речиси два месеца се интензивиира откако етничките албански градоначалници со асистенција на силни косовски полициски сили, за чие постоење протестира Србија повикувајќи се на резилуцијата 1244 на Советот за безбедност при ОН, по изборите во април кои минаа со излезност од само 3 отсто. Таму мнозинските Срби тогаш ги бојкотираа изборите барајќи имплиментација на 10 години стариот договор, според кој треба да се формира Зедницата на српските општини (СЗО).
Во овие безредија имаше десетици повредени меѓу српските демонстранти и припадниците на европската безбедносна мисија КФОР предводена од НАТО кои интервенираа во спречување на ескалацијата на тензиите. Следеа апсење на низа косовски Срби на што офцицијален Белград остро реагираше откако солободи три косовски специјалци уапсени како што тврдеше целосно вооружени длабоко на српска територија.
Опозицискиот пратеник во парлеаментот го полеа Курти и неговито заменик со вода, според видеоснимките објавени на информативните портали. Тепачката се проширила кога други пратеници од опозицијата и владејачката коалиција прешле кон местата на кошто седат членовите на косовската влада.
Според снимките, Курти е истуркан додека пратниците од двете страни меѓусебно се напаѓаат сѐ додека не интервенира полицијата.
Жестоката параламентарна расправа се случи откако интернет поратлот Nacionale претходно седмицава објави аудиоснимка од разговорот меѓу претседателката на пратеничката група на владејачката коалиција Мимоза Кусари-Лила и тогашниот спрпски пратеник Славни Шимиќ. Снимката била направена ланскиот јуни.
Кусари на снимката вели дека претходно телефонски разговарала со функционер на српските националисти Милан Радојчиќ, кому САД му воведоа санкции обвинувајќи го за наводен криминал и коруптивни активности. Радојчиќ, исто така, ги бараат и властите во Приштина.
„Ова што се случи во косовскиот парламент е неприфатливо, а користењето насилство е казниво“, изјави претседателот на парламентот Глаук Коњуфца и нареди двочасовно одложување на седницата.
Премиерот Курти во меѓувреме се октажа од обраќањето во парламентот за да се смират страстите.
Претходно во средата Курти рече дека договорил со Европската унија, која како и САД му се заканија со „мерки“ против неговата влада, договорил дека ќе ја намали присутноста на косовската полиција на северот и оти ќе преземе други чекори за да се намалат тензиите.
НАТО објави дека 93 негови припадници на мисијата се поврдени во судирите во четирите северни општини кога на 29-ти мај избувнаа протестите на тамошните Срби, а некои од нив и тешко со огнено оружје. Меѓутоа, командата на КФОР децидно не обвини никого за тоа, само ги изнесе фактите кога тоа се случи.
Од друга стана беше објавено дека 52 Срби се повредени, без да се сметаат претходните пукања и ранувањата на српски цивили и деца, од кои едното го изврши припадник на косовската полиција.