
За време на пленарната седница на албанскиот парламент во понеделникот на која се гласаше за назначување на Привремен јавен обвинител, се создаде тензична атмосфера меѓу претставниците на власта и на опозицијата, која резултираше со физичка пресметка и со фрлање на неколку димни бомби,пренсува Алсат М.
Гласањето по точката беше спорно за опозицијата, која тврдеше дека таквиот чекор е противуставен. И покрај сѐ, власта ја изгласа Арта Марку за Привремен јавен обвинител.