ВИДЕО| Терористи на Хамас пукаат со ракетни фрлачи од болницата Ал-Кудс во Газа

Терористите биле сокриени меѓу цивилите на влезот на болницата Ал Кудс и ги нападнале војниците.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во понеделникот објавија снимка на која се гледа како терористите на Хамас пукаат од две ракетни фрлачи (РПГ) на влезот од болницата Ал-Кудс во градот Газа. Се наведува дека во нападот бил оштетен тенк на ИДФ.

Според соопштението на израелската војска, „војниците идентификувале терористички одред со два фрлачи на РПГ меѓу цивилите. За време на размената на оган, биле забележани цивили како ја напуштаат зградата на болницата, а други терористи кои излегле од соседните згради се сокриле меѓу нив и се приклучиле во нападот“.

Се вели дека терористите се вратиле во болница по судирот. ИДФ објави дека убиле најмалку 21 терорист.

„Борбениот тим на 188-та бригада, кој вклучуваше оклопни, инженерски, пешадиски трупи и со помош на воздухопловните сили, одговори со оган. За време на инцидентот беа убиени приближно 21 терорист и таму немаше жртви на нашите сили“, се вели во соопштението.

„Овој инцидент е уште еден пример за континуирана експлоатација од страна на Хамас на чувствителни локации, вклучително и болници, за да пука врз силите на ИДФ“, соопшти армијата.