
Еден загинат, а двајца во критична состојба е епилогот на синоќешната сообраќајка кај Мавровка во Скопје.
Трагедијата во која учестувале три автомобили и четворица пешаци се случила околу 21 часот на крстосницата меѓу булеварите „Крсте Мисирков” и „Гоце Делчев”.
До несреќата дошло кога се судриле три автомобили, „голф“ „пасат“ и „застава 101“.
Првично три лица биле пренесени на Ургентниот центар, каде возачот на „застава“-та им подлегнал на повредите.
Видео: Алсат М