Полицијата го уапси монструмот кој го изврши убиството над Тијана Јуриќ и жал ми е што Србија ја укина смртната казна, рече српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ на денешната прес-конференција по пронаоѓањето на безживотното тело на 15 годишната девојка.
„Убиецот е Драган Ѓуриќ од Белград. Тој во Бајмок, таа кобна вечер со автомобилот ја удрил Тијана, а кога таа почнала да вика за помош, почнал да ја удира. И ја искинал облеката и ја однел неколку километри близу до Сомбор каде ја закопал. Дополнително ќе дознаеме дали Тијана била силувана. Убиецот пред апсењето се наоѓаше во својата месара во Сурчин и се однесуваше како ништо да не се случило“, изјави Стефановиќ.
Стефановиќ додаде дека Ѓуриќ е испитан и на полиграф и паднал на сите прашања. Министерот, исто така, рекол дека осомничениот во минатото извршил ситни престапи, како мали кражби.
„Стоеше покрај местото каде ја закопал Тијана и не покажа никакво каење, затоа велам дека овој човек е монструм. Тој е висок околу два метри и им а повеќе од сто килограми. Тоа е човекот кој се изживувал над невино девојче“, додаде министерот.
Тијана е киднапирана ноќта меѓи 25-ти и 26-ти јули во Бајмок и е убиена неколку часа подоцна.
Доцна синоќа полицијата во Сурчин го уапси нејзиниот убиец, а телото на девојката е пронајдено закопано на една изолирана локација во околината на Сомбор.