(ВИДЕО) Тинејџер уапсен поради сомневање дека фрлил дете од 10-от кат на лондонски музеј

Лондонската полиција уапсила 17-годишен тинејџер поради сомневање за обид за убиствот откако момченце на шестгодишна возраст е фрлено од панорамската платформа за посетителите во лондонската галерија „Tate Modern“.

Жртвата е пронајдена на покривот од петиот кат од уметничката галерија околу 14,40 часот по локално време, итно со медицински хеликптер е пренесена во болница и се наоѓа во критична состојба. Иследниците велат дека не постојат докази оти момченцето и тинејџерот се познавале.

Панорамската платфрома на десеттиот кат е привлечна за посетителите на популарниот музеј, сместен во просториите на поранешна електрична централа со поглед на реката Темза, и во текот на викендите ја посетуваат стоици туристи и локални семејства.

Управата на еден од најголемите музеи на современата уметност во светот потврди дека музејот е затворен најмалку до крајот на денот, бидејќи полицијата го истражува случајот.