![tom kruz nov film](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/08/tom-kruz-nov-film.jpg?resize=660%2C330&ssl=1)
Познатиот актер и sвезда на бројните култни филмови Том Круз е подготвен да се врати на малите и големите екрани.
На видеото што го објави на Твитер, Круз покажа дека оди на проекција на филмот на Кристофер Нолан.
„Голем филм. Голем екран. Ми се допаѓа“, напишал Круз.
Big Movie. Big Screen. Loved it. pic.twitter.com/DrAY5tRg5P
— Tom Cruise (@TomCruise) August 25, 2020
Исто така, овој филм е познат како еден од најскапите филмови досега направени во Холивуд, во категоријата оригинални филмови. Заплетот на филмот всушност игра со концептот на минување на времето, што е препознатлив потпис на Нолан, а комбинацијата од сцена на акција, драма, трилер, мистерија и научна фантастика ветува уште еден успех на големиот режисер.
Во краткото видео, Круз цело време носи маска, а потоа пристигнува на проекцијата и вели: „Враќање на филмовите“.
Снимањето на филмот „Top Gun: Maverick”“, во кој Круз ја има главната улога, беше одложено поради пандемијата. Продолжението на хит филмот од 1986 година беше продолжено двапати, прво за декември 2020. година, а потоа за јули 2021. година.
Во филмот играат и Мајлс Телер, Џенифер Конели, Џон Хем, а режисер е Џозеф Косински.