(ВИДЕО) Топлотен бран уби 65 луѓе во Пакистан

Од топлотен бран во текот на изминатите три дена починаа 65 луѓе во јужниот пакистански град Карачи, соопшти во вторникот организацијата за социјална грижа и искажа стравување дека бројот на жртвите би можел да се зголеми бидејќи продолжуваат високите температури.

Нема никави сигнали дека температурите ќе паднат а во понеделникот достигнаа 44 Целзиусови степени, наведе добротворната организација Edhi Foundations Faisal Edhi. Локалните метеоролошки служби, пак, најавуваат дека високите температури ќе се задржат до четврток.

Властите во Карачи прогласија вонредна состојба во болниците и клиниките поради интервенциите поврзани со големите горештини. Во 2015 година во овој град починаа околу 2.000 луѓе во сличните временски услови какви што владеат овие денови, потсети локалниот здравствен функционер Насир Дурани.

Повеќето смртни случаи кои се случиле овие денови се непосредно поврзани во врска со муслиманскиот свет месец Рамазан, во текот на кој консумирањето храна и пијалаци е забрането од утрото до самрак, наведува споменатата организација.

Недостигот во снабдувањето со електрична енергија во градот со повеќе од 20 милиони жители ја прави ситуацијата уште полоша.

Во април температурите во град во близина на Карачи пораснаа на повеќе од 50 Целзиусови степени, што е светски рекорд за месецот април кога и да е регистриран на планетата Земја.

Пакистан, сместен меѓу високо индустријализираните земји Кина и Индија, се соочува со некои од најтешките последици од климатските промени.