(ВИДЕО) Водно торнадо преврте чамец во Охридското Eзеро

На социјалните мрежи се појави видео за кое се тврди дека е снимено вчера во Охрид и може да се забележи силен ветар кој формира мало торнадо.

Силниот ветар притоа успеа да преврти еден чамец, како што може да се забележи на видеото.

Досега вакво нешто не е забележано на Охридското езеро.