Торнадо го погоди холандскиот крајбрежен град Зиерикзе, во југозападниот дел на земјата, при што загина едно лице, а десетина се повредени.
„За жал, едно лице загина во торнадото, а првите извештаи велат дека се повредени уште 10“, соопштија властите на провинцијата Зеланд. Тие додаваат дека „ургентните служби сè уште го проценуваат влијанието на овој редок феномен“.
Торнадото подигна покриви на четири куќи и предизвика рушење на фасадата на една куќа, соопштија надлежните, истакнувајќи дека „штетите се големи во неколку улици на Зирикзеј“. Телевизијата НОС објави дека торнадото ги однело ќерамидите од покривот на една од црквите и дека трамболини летале низ воздухот.
Секоја година се повеќе торнада ја погодуваат Холандија, но последното со смртни случаи се случи во 1992 година.