ВИДЕО: Трагаат по исчезнатиот малезиски авион, а најдоа остатоци од брод

Тимот што ги пребарува зафрлените делови на Индискиот океан во потрага по исчезнатиот малезиски авион дојде до важно откритие, кое нема никаква поврзаност со нивната мисија, пренесува британски Телеграф.

Истражувачите на длабочина од околу 6.400 метри најдоа остатоци од брод од 19-иот век. Имено, од голема оддалеченост големиот метален објект на дното на океанот наликувал на остатоци од авион.

Засега нема голем број информации за пронајдениот брод, освен дека најверојатно станува збор за товарен брод. Тимот го пронашол бродот со помош на сонар, но самото пронаоѓање не ги усреќило премногу.

Во недостаток на нови, доверливи информации што би можеле да помогнат во откривањето на локацијата на исчезнатиот авион, властите одлучија дека на ова подрачје повеќе нема да има потрага, порачуваат од австралискиот Заеднички центар за координација на агенциите кој ја надгледува меѓународната потрега по исчезнатиот малезиски авион.

Авионот на Малезија Ерлајнс исчезна во март 2014-тата година на летот кон Куала Лумпур, а во него имало 239 лица.