
Едно лице загина, а четири се повредени, меѓу кои и невестата кога на една индиска свадба се сруши кранот, кој беше донесен за да ги воодушеви гостите.
Целта на кранот била на кристална платформа да си донесе невестата и нејзината сестра.
Според локалната полиција кранот се превртел откако бил паркиран на калливо и меко земјиште.
Во инцидентот повредени биле пет лица, а еден 40-годишен маж им подлегнал на повредите во болница. Се’ уште нема информации за состојбата на невестата и нејзината сестра.