Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп ги повлече вчерашните тврдења за вбризгување на дезинфициенсите во организмот како можно лекување на заразените лица и рече дека само бил саракстичен, јавува „Анадолија“.
Трамп наиде на остри критики од експертите откако синоќа на прес-конференција во Белата куќа предложи да се истражи може ли заболени од коронавирусот да се лекуваат со вбризгување на дезинфициенски во организмот или со изложување на силни УВ зрачења.
На новинарско прашање да ги коментира критиките и исмејувањата кои ги предизвика со тие тврдења, Трамп денес во Белата куќа рече дека синоќа бил саркастичен.
„Саркастично им поставив прашање на новинарите, само да видам што би било. Им поставив многу саркастично прашање на новинарите за вбризгување на дезинфекциските средства”, рече Трамп и додаде дека тие средств го убиваат вирусот и дека работите би оделе кон подобро кога вирусот би бил уништен.
#BREAKING: President Trump says remarks about heat, light, disinfectant were sarcastic: "I was asking a question sarcastically to reporters like you just to see what would happen." https://t.co/lPysHfFKBb pic.twitter.com/mtY7dZgNnj
— The Hill (@thehill) April 24, 2020
Од компанијата „Рекет Банкистер” (Reckitt Banckiser) ја предупредија јавноста дека средствата за дезинфекција ниту во било кој случај и ниту под било кои околности не смеат да се пијат, ниту вбризгуваат во организмот.
Би-Би-Си (BBC) јавува дека еден од водечките произведувачи на дезинфициенсите апелираше на граѓаните тие производи и средствата за хигиена да ги користат исклучиво по упатствата кои се испечатени на пакувањата.
На конференцијата во Белата куќа синоќа се претставени резултати на американското истражување кое покажа дека коронавирусот може да ослабне со исложување на сончевата светлост и топлина. Истражувањето покажа дека белилото може да го убие вирусот во течност или со респираторни течности за пет минути, а изопропилниот алкохол уште побрзо.
.@realDonaldTrump went back and forth in the Oval about disinfectant. He repeated perhaps it would be useful to treat people with the virus along with getting light inside the body, but when pressed then said of course he was not encouraging people to ingest disinfectant pic.twitter.com/BFDzksMVgS
— Jeff Mason (@jeffmason1) April 24, 2020
Иако е истакнато дека на резултатите треба да им се пристапи со внимание, претседателот Трамп предложи понатамошно истражување.
Новинарите веднаш на конференцијата предупредија дека со таквите изјави Трамп би можел да предизвика дополнително ширење на дезинформации во јавноста, а бројни лекари и медицински експерти ги негираа тврдењата на Трамп.
Меѓу првите се огласија лекарите Вин Гуопта и Кашиф Махмуд кои порачаа дека внесувањето на средствата за чистење во организмот е неприфатливо и дека тоа е метод кој луѓето воглавно го користат со суицидни намери. Им порачаа на луѓето да не ги слушаат советите на Трамп.
Експерт од Кабинетот за Наука и технологија при Министерството за внатрешна безбедност на САД, Вилјен Брајан, исто така соопшти дека предлозите на Трамп се неприфатливи.