Американскиот претседател Доналд Трамп на митинг во Мичиген вчера истакна дека ќе победи во таа сојузна држава, додека илјадници приврзаници му аплаудираа, а само неколкумина од нив се придржуваа на мерките против коронавирусот.
– Вака не изгледа собир на човек кој ќе биде на второ место, им порача Трамп на мажите, на жените и на децата од кои многумина носеа црвени маички и капи со напис „Да ја направиме Америка повторно голема”.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) September 11, 2020
Водачите на кампањата на Трамп изјавија дека до 3 ноември ќе минат „многу време” во Мичиген, индустриска држава, која заедно со Висконсин и Пенсилванија, му помогнаа на Трамп да победи на изборите во 2016 година.
A vote for Republicans is a vote for safe communities, great jobs, and a limitless future for ALL Americans. Instead of letting Washington change us, despite all that we have been through, we are changing Washington! #MAGA pic.twitter.com/5dlHJaMMhP
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) September 11, 2020
Демократскиот кандидат Џо Бајден води пред републиканецот Трамп со 12 процентни поени, покажува анкетата на „Ројтерс„ и „Ипсос“. Но, водството на Бајден е нешто послабо во Мичиген и изнесува околу 4,2 процентни поени.
If Joe Biden is elected, far-left lunatics won’t just be running failed Dem Cities—they will be running the Department of Justice, the Department of Homeland Security, and the U.S. Supreme Court. No city, town or suburb will be safe. On November 3rd, your vote will SAVE AMERICA! pic.twitter.com/N8TZagbEpr
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) September 11, 2020
Бајден во средата го посети Мичиген и го прозва Трамп за неговите разговори со репортерот на „Вашингтон Пост“, Боб Вудворд, во кој тој кажа дека намерно ја минимизирал заканата од коронавирус за да избегне паника во јавноста.
Трамп на митингот ја критикуваше гувернерката на Мичиген, Гретчен Витмер, за воведените ограничувања за коронавирусот. Тој рече дека таа нема „поим” како да ја рестартира државната економија за што доби бурни овации од публиката.