Демонстрантите во Охајо пртотестираа против реториката на Трамп против мигрантите, што ја разгорува расната нетрпеливост, како и против законот за оружје со кој секој полнолетен може слободно да се вооружува.
Пред болницата во Дејтон, каде што Трамп ги посети повредените, се собраа демонстранти со балон во облик на малиот Трамп и со повици да го запре теророт.
Претседателот Доналд Трамп заедно со сопругата Меланија беа пречекани на аеродромот од градоначалничката Нан Вели, која претходно го критикуваше и велеше дека не добила никаква помош од него.
Во текот на денот Трамп ќе ги посети и повредените во масакрот во Ел Пасо, Тексас, каде што во саботата млад вооружен напаѓач застрела 22 луѓе, мотивиран од расистички побуди.
Пред заминувањето од Охајо, Трамп ја отфрли можноста за забрана за продажба на автоматско оружје, велејќи дека тоа е политички неизводливо. Вети само дека ќе има посторга контрола кој го купува ова оружје и дека нема да им се продава на лица со ментални проблеми.