Вооружен напаѓач во холандскиот град Ротердам убил во четвртокот три лица, жена и нејзината ќерка во нивниот дом, како и предавачка во училница на тамошната Универзитетска болница.
Претходно полицијата објави дека се убиени најмалку две лица. Осомничениот 32-годишен студент од огнено оружје убил 39 жема која живеела во неговото соседство, и ја застрелата нејзината 14 годишна ќерка. Девојчето подоцна починало во болница, соопшти полицијата во четвртокот доцна вечерта.
Откако го запалил домот на убиената жена, напаѓачот заминал во Универзитеската болница на Медицинскиот центар во Ротердам, каде влегол во училница и унил 43-годишна предавачка. Мажот бил уапсен во близина на болницата, каде што повторно запалил оган.
Засега не е познат неговиот мотив, соопштија полицијата и обвинителството. Полицијата објави и дека верува дека напаѓачот дејсвувал сам и оти нема знаци дека имал помош од друг напаѓач.
„Шокирани сме од ужасен инцидент. Се пукаше на две различни места во градот. Многу луѓе беа сведоци на тоа. Емоциите во градот се многу високи. Моето сочувство за жртвите“, изјави градоначалникот на Ротердам, Ахмед Абуталеб.
Главниот обвинител на Ротердам, Хуго Хиленар потврди дека „осомничениот ѝ бил познат на полицијата и во 2021 година бил процесуиран и осуеден за злоставување животни“.
На видеоснимките објавени на интернет се гледа како полицијата им дава инструкции на студентите, од кои некои се во бели лекарски мантили, да истрчаа надвор од просториите додека вооружени полициски тимови пристугнуваат на местото на инцидентот. Една снимка прикажува маж со лисици на рацете, се чини во маскирни воени панталони.