(ВИДЕО) Три цивилни жртви во израелско ракетирање на предградие на Дамаск

Најмалку тројца цивили загинале во израелските ракетни напади во текот на минатата ноќ врз предградие на главниот град Дамаск, објавија во понеделникот сириските медиуми.

Во ракетирањето повредени се уште четири лица, меѓу кои е и едно дете, објави сирискита новиска агенција SANA.

Сириската противвоздушна одбрана ја спречи израелската агресија соборуваќи „голем број“ проектили над Дамаск, пред да ги достигнат нивните цели, се наведува во извештајот на службената сириска агенција, според која нападот бил изведен во раните утрински часови во понеделникот.

Сириски воени извори рекле дека израелските проектили дошле од правецот на либанскиот воздушен простор, потврдуваат дека е предизвикана материјална штета, но не се споменуваат настрадани или жртви. Израел официјално засега не го коментираше ракетирањето.

Според опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR), чие седиште е во Лондон и е финансирана со британски средства, цел на нападот биле наводно позиции на иранските сили во Сирија и на либанското шиитско движење Хезболах, јужно од Дамаск. Според Опсерваторијата во ракетирањето загинале четворица борци на овие сили.

Претходно на 20-ти април агенцијата SANA објави дека Израел ракетирал места во централната пустинска покраина Палмира. И тогаш SОHR објави дека станувало збор за позиции на проиранските доброволечки милиции во Сирија, и оти притоа загинале тројца сириски војници и уште четворица странски борци, но не ја наведе нивната националност.

Израелските напади врз Сирија под изговор дека цели се проиранските сили, на Западот се примаат со одобрување.