ВИДЕО| Три жртви и десетици повредени во торнадото во Чешка

Најмалку три лица загинале а уште 60 други се повредени во торнадото и силните бури кои во четвртокот зафатија делови од Чешка, разорувајќи и делови на некои градови, обајвија во петокот итните служби и чешките медиуми.

Торнадото ги погоди градовите околу Ходонин, по должината на границите со Словачка и со Австрија, 270 километри јужно од главниот град Прага.

Станува збор за најсилниот ваков налет на ветер и бури во модерната историја на централноевропската земја и прво торнадо по 2018 година, објави чешката метеоролошка служба.

Силната бура носела покриви од куќи и други објекти, однела прозорци, превртувала автомобили и нанесе купишта искршен материјал на улиците.

Во градот Моравска Нова Лес спасувачките служби и во петокот продолжуваат со расчистување на нанесениот отпад, отако целата измината ноќ ја минале на улиците.

Портпаролот на итната служна на регионот Јужна Моравија изјави за Чешката телевизија дека тројца луѓе загинале во бурата, а десетици други се повредени.

Чешката телевизија, повекувајќи се на портпаролот на спасувачките служби, извести дека седум градови претрпеле сериозни штети. Функционер на граот Хаски обајви дека половината од градот практично е срамнета со земјата.

Спасувачките служби се во потрага по настрадани во оваа област, а соседните Австрија и Словачка на помош ги испратија своите спасувачки екипи.