(ВИДЕО) Тринаесет казахстански војници загинаа во хеликоптерска несреќа

Тринаесет војници загинаа во несреќа на хеликоптер од типот „МИ-8“ на југозападот од Казахстан, објави во четвртокот министерството за одбрана во оваа земја во централна Азија.

„Тринаесет војници загинаа додека ја извршуваа својата воена задача…во несреќа на воените сили на Казахстан“, објави министерството за одбрана во соопштение за јавноста.

Хеликоптерот летал од Актау во Шимкент во составот на хеликоптерот, а летот се изведувал ноќе во сложени временски услови.

Привремениот претседател Касим-Џомарт Токаев објави на Twitter дека наредил истрага за несреќата, којашто се случила во средата.

Хеликоптерите од советскиот периот сѐ уште се користат за превезување патници и материјали кон излоираните или оддалечени и слабо населени области во поранешните советски републики. Во август 2018 година, 18 лица загинаа кога „МИ-8“ се судри со друг хеликоптер.

https://www.youtube.com/watch?v=rvh_uwRPsjs