
Бебе буквално излетало од мајчината утроба и така ја преживеало страотната сообраќајка во која загинала неговата мајка, деновиве во Бразил.
Мајката, која била во последната фази од бременоста, се возела во камион кој превезувал штици кога возачот изгубил контрола над возилото кое се превртело. При тоа жената излетала од камионот, а даските паднале врз неа и и го распориле стомакот, па бебето излетало од утробата. Шокираните медицинари од Итната помош ја пронашле жената мртва под штиците, но веднаш слушнале плач на бебе и го догледале новороденчето неколку метри од мајката. Девојето немао ниту една гребнатинка, а и папочната врвца била пресечена.
Бебето е здраво и моментално е во болница во единицата за интензивна нега. Нејзината мајка била во 39-та недела од бременоста, а кај неа немало лични документи. Полицијата и социјалните служби ги бараат членовите на семејството. Ако не ги пронајдат, мајката ќе биде погребана неидентификувана, а бебето ќе биде испратено во сиропиталиште, по што ќе следи процесот на усвојување.
Чудо е како бебето преживеа.Ќе бидам искрен. Ова е Божје дело. По она што го видов, немам идеја како успеало да преживее. Мајка му беше под некои дрвени штици, тоа беше многу емотивно, рече болничарот Елтон Фернандо Барбоса, кој прв пристигнал на местото на настанот.
Болничкиот персонал му дал име на девојчето- Џиована, што значи „Бог е милостив“. Возачот на камионот ќе биде обвинет за убиство од небрежност.Тој на спасувачите им рекол дека не ја познавал жената и дека само и се понудил да ја превезе.