(ВИДЕО) Турски голман доби црвен картон во 11-та секунда

Во натпреварот од осмото коло на фудбалското првенство на Турција меѓу екипите на Коњаспор и Јени Малатијаспор се одигра незабележан досега случај кога на самиот почеток од мечот „поцрвен“ домашниот чувар на мрежата.

Во 11-та секунда од првото полувреме, домашниот голман Серган Киринтили ги напушти својот гол и ја прифати со раце топката надвор од сопствениот казнен простор. Главниот арбитар на мечот веднаш реагираше на овој потег, покажувајќи му на голманот црвен картон.

Потоа тренерот на Коњаспор мораше да внесе замена за Киринтили, а фудбалерите на Јени Малатијаспор ја искористија бројната предност на речиси цел натпревар и го совладаа домаќинот со 2:0.