ВИДЕО: Тутулата „Мис Универзум 2017“ ја понесе претставничката на ЈАР

Претставничката на Јужноафриканската Република, Деми-Ли Нел-Питерс е победник на меѓународниот натпревар за убавина „Мис Универзум“ за 2017 година, објави на својот Twitter профил конкурсот.

„Добредојдовте во сестринството“, објави организаторот на натпреварувањето коешто се одржа во Лас Вегас.

 

Во првата тројка, исто така, влегоа претставничките на Јамајка, Давина Бенет, и учесничката од Колумбија, Лаура Гонзалес, Вкупно на натпреварот беа пријавени 92 убавици од светот.

За победничката Нел-Питерс е наведено дека работи како инструктор за самоодбрана, а учествува и во програмата наречена Unbreakable за обука на жените во техниките на самоодбрана. Неодамна ги завршила студиите на универзитетот специјализирајќи менаџмент.

Натпреварувањето „Мис Универум“ се одржува од 1952 година. Од 1996 до 2015 година, франшизата за неговото организирање му припаѓаше на актуелниот американски претседател Доналд Трамп.