Француската полиција синоќа го уапсила напаѓачот на православниот свештеник пред црква во Лион.
Градоначалникот на Лион изјавил дека мотивите за нападот сè уште не се јасни, но дека виновникот е уапсен.
Вчера едно свештено лице било рането во стомакот со два истрела од „кратеж“, додека ја заклучувал црквата, пренесуваат француските медиуми, додавајќи дека бил пренесен во локалната болница со тешки повреди, но во свесна состојба.
Француската полиција, специјалните единици и истражителите веднаш пристигнале на местото на настанот, а полицијата започнала опсежна потрага по напаѓачот, кој избегал по пукањето.