Комитетот за национална безбедност на Казахстан објави во неделата видео од операцијата на апсење на агент на странска разузнавачка служба, кој подготвувал атентат врз претседателот Касим-Жомар Токаев.
Без дополителни податоци за земјата од која е уапсениот и локацијата на операцијата, на снимката може да се види како припадници на безбедностни сили приведуваат маж и вршат претрес во стан. Кај осомничениот се пронајдени пушка со придушувач, наркотици и поголема сума пари.
Во соопштението, Комитетот појасува дека истовремено со атентатот врз претседателот Токаев било планирано и изведување терористички напад.
Се додава и дека уапсениот признал дека постапувал „по инструкции и во интерес на странска држава“. Против него е покренат кривичен прогон по чченив за „подготовка за извршување кривично дело и обид за извршување кривично дело“, како и за „чин на тероризам“.
Кон средината на март Токаев потсети дека во јануари во Казахстан беше изведен обид за уривање преземање на власта. Тогаш тој, без да ги именува, рече дека „странски радикални сили се обидоа државата да ја направат бојно поле“.
„Незадоволни од трансформациите кои се случиваат во земјата на политички план, странски радикални сили се обидо да извршат државен удар и да го претворат Казахстан во бојно поле и да го отстрант претседателот од власт“, рече тогаш Токаев.
На почетокот од јануари по зголемувањето на цената на горивата од 13 на 27 центи од американскиот долар на почетокот од годинава во западната покраина Мангустау и во најголемиот град Алмати избувнаа протести. Токаев веднаш ја врати цената на горивата велејќи дека поскапувањето е неоправдано.
Сепак, протестот се претвори во вооружен бунт во кој беа убиени 19 припадници на безбедносните сили, од кои двајца беа обезглавени, со заземање и палење на зградите на државните институции и во нив според процените на западните медиуми учествувале близу 50.000 луѓе. Токаев тогаш предупреди дека бунтот чијашто цел е државен преврат оркестриран од странстви и ги повика на помош мировните сили на Организацијата на договорот за заедничка безбедност (ОДКБ) предводени од Русија, која многу брзо ја стабилизираа состојбата во земјата, кои по десет дена се повлекоа од Казахстан.
Токаев следните денови го презема претседателствувањето со Советот за безбедност од поранешниот тридецениски претседател Нулсултан Назарбаев, а неговите блиски соработници и членови на пошироко и потесни семејство се сменети од влијателни позиции во дражавните институции, енергетскиот и од безбедносниот сектор.
Потоа властите на централноазиската земја богата со енергенси и ретки руди соопштија дека го привеле и уапсиле заменикот министер за енергетика, заедно со уште неколку високи владини и безбедносни функционери за коишто веруваат дека се одговорни за неоправданото зголемување на цените на пропанот и бутанот во западната провинција Мангистау, како и за намерно оставање оружје на бунтовнички групи.
Според процените на Казахстан, убиени се повеќе стотици вооружени учесници во обидот за преврат, од кои најмногу биле од странство, а беше објавено дека заземањето на аеродромот во Алмати имало цел преку него во земјата да бидат доведувани платеници и радикали од странство.
Во моментов се спроведува целосна реогранизација на безбедносниот систем во земјата. Следните месеци, Казахстан спроведува низа политички промени, вклучително и забраната роднини на шефот на земајта да можат да извршуваат државни и други важни функции, како и уставни и теротиријални промени.