![marihuna](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/marihuna.jpg?resize=500%2C280&ssl=1)
МВР заплени речиси 300 килограми марихуана и уапси три лица, од кои двајца полицајци, соопшти министерската за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Запленетата дрога е од Албанија, а со акцијата е пресечен уште еден меѓународен канал за трговија на дрога наменета за наркопазарот на западноевропските земји.
Министерката Јанкулоска потенцираше дека марихуаната е во вредност од еден до два милиони евра, во зависност од тоа дали ќе се продава на големо или мало.
Дрогата била запленета во местото викано Ледиње, во близина на струшко Радожда.
Со помош на претходно поставена заседа, полицијата во возило со кичевски регистарски таблички запленила девет големи патни торби , во кои имало 206 пакетчиња марихуана. Во пакетчињата поточно имало 297.635 килограми марихуана. Во возилото се наоѓале две лица, од кои еден полициски службеник. Уапсените се на возраст од 33 и 42 години и имаат макдонско државјанство. Еден од нив кажал дека претходно бил договорен со друг полицаец за надомест од девет илјади евра да ја пренесе марихуаната до Кавадарци. Кривична пријава е поднесена и против вториот полицаец, кој исто така е државјанин на Македонија.