Лидерот на терористичката Исламска Држава Абу Бакр Ал Багдади е убиен во воздушните напади на САД врз Рака, Сирија, јавуваат медиумите.
Абу Бакр Ал Багдади е убиен во воздушен напад на Коалицијата врз Рака на петтиот ден од Рамазан, се наведува во соопштението на веб страната на неименувана новинска агенција што се поврзува со терористичката ИД, пренесува Дејли Мирор.
Според други извори лидерот на ИД е убиен во ирачкиот град Мосул, што е уште едно упориште на ИД.
По ова се огласија и ирачките безбедносни сили:
Ирачките авиони го погодија конвојот на ал Багдади што се движеше кон Карбала за да присуствува на состанокот на највисокото раководство на терористичката ИД.