ВИДЕО| Убиен познат пејач во Скопје

Познат пејач синоќа загинал, а други две лица се повредени во престрелка која се случила по масовна тепачка кај улицата Пластичарска во Скопје.

Неофицијално во полицијата најпрво во 23.40 часот е пријавено дека на булевар Никола Карев има пукање, и дека има и повредени лица. Во 23.45 часот е пријавено е дека лицето Т. А. со повреди од огнено оружје е пренесено во ГОБ Наум Одридски.

Во 23.51 часот од Ургентен центар е пријавено дека кај нив се донесени 2 лица исто така со повреди од огнено оружје.

Станува збор за лицата О.Б. и А.И. од Скопје. Во 00.45 ласот од Ургентен центар е пријавено дека лицето А.И. е починат, инаку познат пејач.