(ВИДЕО) УБК прислушувала и следела активисти, новинари, навивачки групи за да успее референдумот за промена на името, открива Палевски

Политичкиот активист Љупчо Палевски на прес-конференција открива дека во период пред референдумот биле прислушкувани и следени, новинари, политичари и активисти на движењето „Бојкотирам“. Кодното име на операцијата е „Атлантик“ и истата се одвива во период пред референдумот кога се следат сите противници на промената на името и против нив се калемат тешки обвинувања за домашен терорирам и македонски екстремизам.

„Се работи за тероризам. Со тероризам се состави оваа власт. Со тероризам се манипулираше со народот во држава. Среќа, благодарние на свеста македонскиот народ референдумот не успеа (за промена на името)“, рече Палевски.

Палевски понуди докази дека законодавтсвото и судството ги задоволуваат желбите на газдите. УБК отворила случај под името „Атлантик“ наводно за тероризам и македонски екстремизам. Сите активисти на „Бојкотирам“ се следени, фотографирани и снимани.

Палевски вели дека се прекршени сите права и дека сето тоа е документирано. Предметот содржел 1400 страници и дека имало патриоти во службата кои веќе не можеле да го издржат притисокот, па му го доставиле предметот, но и поради довербата што ја имаат во него.

Во овој предемет, како што истакна Палевски, тој е прислушуван, Стефче Јакимовски, новинари, уредници, Алкесандар Митовски (новинар), Солза Грчева, односно сите кои биле ангажирани во одбраната на името на 30 септември во 2018 година и против незаконскиот и нелегитимен референдум. Сите се вградени во предеметот како терористи, за да може оваа власт парвно да се покрие за прислушувањето што го прави.

„Тоа прислушкување може да трае и денеска. Врз основа на формално-правната предистрага насловена како „Атлантик“ ниту еден активист на „Бојкотирам“ не е повикан во ниту една правосудна институција на Република Македонија, барем да ни побраат една изјава дека подготвуваме тероризам, како македонски екстремисти. До ден-денеска верувам дека и за овие избори којбило полицаец, со еден обвинител послушник може да отворат предистрага и може да побраат потписи согласност на судија во претходна постапка. И можат когобило и кадебило да го слушаат, селдат и да му ја нарушуваат приватноста“, истакна Палевски.

Тој рече дека не знаат дали се уште трае таа предистрага. Сите се снимани Христијанско братство, Жарко Гроздановски, Драган Угриновски, Јанко Бачев, Сотир Костов, Розијана Новоселска и нејзината фирма. Било фклучено и финансиското разузнавање и правеле што сакале.

Палевски рече дека прави прес-конференција како „терорист“.

Тој нагласи дека во оваа акција биле вклучени и навивачките групи Комити, Чкемабри, Гемиџии и сите со пин-мерки со месеци се следени, прислушкувани и снимани.

Така е протеран и третиот рускиот секретар на руската амбасада во Македонија, со една белешка на паркетар. Таква била приказанат и со рускиот бизнисмен Иван Савидис во Солун.

На „Комитите“ власта се обидувала да им накалеми соработка со Савидис и наводно дека земале руски пари за да го спасат македонското име.

За „Комитите“ контактот задолжен за следење бил „Кико“ , кој изнесувал информации кои наводно биле безбедносно интересни за лидерот на навивачката група, Александар Колевски-Жути кој наводно зел 300 илјади евра од Грција.

Палевски го посочи техничкиот премиер Оливер Спасовски како најдоговорен за следењето на активистите на бојкотирам, тогаш како министер за внатрешни работи. Николовски, директорот на УБК, кого тој го нарекува „Џони гитара“ и закого вели дека е поставен од тогашниот американски амбасадор Џес Бејли, директно го реализира сето ова.

„Затоа барам од ЕУ и американската амбасада да ги заштитат моите да ги заштитат моите македонски права, бидејќи јас имам само формална дражва каде што јас не можам да го направам тоа. Нашиот систем е киднапиран, нашиот систем не постои, нашиот систем е мафијашки“, истакна Палевски.