ВИДЕО| Ѓубрето истоварено таму каде припаѓа, пред Дрисла кај Данела

Вечерва градоначалниците на Кисела Вода и Аеродром, Орце Ѓорѓиевски и Тимчо Муцунски, кои го собираа ѓубрето од улиците на овие општини затоа што Данела Арсовска и градските претпријатија не си ја вршат работата, и Скопје беше донесено во состојба пред зараза, беа спречени да го истоварат сметот во депонијата.

Откако по повеќе од 1 час не можеа да го истоварат ѓубрето, имаа две опции или да го вратат во Скопје на улиците или да го истоварат пред Дрисла.

Секако дека враќање на ѓубрето во Скопје нема да има, и тоа беше истурено пред Дрисла, од каде градоначалничката која не сака ниту да го собира, ниту да го одлага може да го истури во депонијата.