Илјадници млади активисти во Австралија и Нов Зеланд ги почнаа новите светски протести , во кои ги повикуваат политичарите да ја забрзаат борбата против климатските промени.
Организаторите на протестите очекуваат над милион млади луѓе да излезат денеска на протестите во 110 земји низ целиот свет. Протестите ги инспирираше шведската ученичка Грета Танберг со барање за итно делување против глобалното затоплување.
Загрижена сум поради сите природни катастрофи. Секој пат кога имаме големи пожари тука , еден вид животни би можеле да изумрат, вели 13 годишната Нина Пасквалини , која ги предводи активистите од организацијата ,,Бунт против изумирањето” во Мелбурн.
Австралија оваа година преживеа најтопло лето откако се мерат температурите.