![ubis](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/10/ubis.jpg?resize=564%2C272&ssl=1)
Ученик уби еден, рани четири соученици, а потоа и се самоуби вчера во близина на Сиетл.
Четирите ранети ученици, две девојчиња и две момчиња, се погодени во глава, а тројца од нив се наоѓаат во критична состојба.
Локалните телевизии околу средното училиште Пилчак, прикажале мноштво полицајци и работници на Итната медицинска помош. Спроведена била и евакуација на учениците, кои во ова училиште ги има околу 2.500.
Ејн Дитрич, портпаролка на ФБИ во Сиетл, соопштила дека во помош на полицијата се упатени и оперативци на оваа агенција.
Училиштето во моментов се пребарува, просторија по просторија, пред да се прогласи за безбедно.