
Репрезентацијата на Украина ќе игра во финалето од баражот за пласман на Светското првенство кое ќе се одржи годинава во Катар.
Украинците на гостински терен триумфираа над Шкотска со резултат 1:3 на стадионот „Хемпден Парк“ во Глазгов. Предност за Украина донесе Андриј Јармоленко во 33 минута, а во 49 предноста ја зголеми Роман Јаремчук.
Надежта за Шкотите ја врати Калум Мекгрегор во 79 минута. Украина успешно се бранеше во понатамошниот период од средбата, а потоа во петтата минута од судиското надополнување гостите го постави конечниот епилог преку Артем Довбик.
Украинците на 5 јуни во Кардиф ќе му гостуваат на Велс во финалето. Потсетување дека Велшаните на 24 март дома со 2:1 ја елиминираа Австрија.
Победникот од дуел Велс – Украина, ќе биде автоматски сместен во групата „Б“ на Мундијалот во која веќе се наоѓаат Англија, Иран и САД.
Велс во меѓувреме го имаше првиот настап од Лигата „А“ од Лигата на нации, загуби од Полска со 2:1 во Вроцлав.
Иако составот на Пејџ водеше од 52 минута со голот на Вилијамс, Полјаците направија пресврт со погодоците на Камински (72`) и Свидерски (85`).