![6246b67c85f54010ac717555](https://netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/6246b67c85f54010ac717555.png)
Пожарот во нафтениот капацитет во регионот Белгород, Русија бил предизвикан од украински воздушен напад, изјави во петокот наутро гувернерот Вјачеслав Галдков. Инцидентот бил пријавен за време на воената кампања на Русија во соседната земја.
Гладков рече дека терминалот бил погоден од „два украински воени хеликоптери кои влегле на територијата на Русија додека летале на мала височина“. Точните детали за инцидентот допрва ќе се разјаснат.
Гувернерот рече дека двајца работници се здобиле со повреди кои не се опасни по живот. Властите почнаа да ги евакуираат луѓето од околните области.
На видеата од местото на настанот се гледа како голем пожар беснее во објектот.
Гувернерот ја нарече ситуацијата со снабдувањето со гориво „стабилна“, додавајќи дека „нема да има недостиг на гориво“.
Министерот за енергетика Николај Шулгинов на сличен начин рече дека пожарот нема да предизвика недостиг или зголемување на цените, додавајќи дека бензинските пумпи во Белгород ќе добиваат гориво од други региони доколку е потребно.
РИА Новости ја цитираше службата за вонредни состојби кои велат дека постои ризик пожарот да се прошири на дополнителни складишта за нафта.