На социјалните мрежи во саботата се споделува, во најмала рака бизарна снимка за која се тврди дека е поставена на профилот на украинскиот претседател Володомир Зеленски на платформата Tik-Tok.
Зеленски кој е особено активен на социјалните мрежи откако започна руската инвазија врз неговата земја. Но ваквите објави, секако доколку се автентични, најмалку може да ги охрабрат неговите сонародници кои претходно во саботата ги повика на истрајност во долгата борба со руската војска.
Поранешниот комичар Володимир Зеленски беше избран за претседател во април 2019 година, но не успеја да ги назначи министрите кои тој ги сака на функција, по што свика предвремени парламентарни избори на која се појави и неговата партија. Партијата на Зеленски „Слуга на народот“ беше именувана по телевизиското шоу во кое тој глумеше и се прослави, толкувајќи го ликот на учител кој станува претседател.