ВИДЕО| Украина: Во меѓусебни гранатирања загинати во Виница и Доњецк

Убиени се најмалку 22 цивили а десетици се ранети во четвртокот во руски напад со крстосувачки ракети истрелани од подморница во Црното Море врз градот Виница во централна Украина, соопштија украинските функционери, а истовремено од одметнатата проруска област Доњецк известија дека во повторено на гранатирање врз цивилни цели во градот загинале најмалку две лица.

Видеоснимките и фотографиите објавени од Виница, којашто е далеку од првата линија на боиштето, снимиле густ црн чад кој се издига од облакодер. Меѓу загинатите се и три лица, соопштија локалните власти.

Ваквиот напад се чини дека е остварување на заканите од Русија дека ќе употреби многу помоќни вооружувања од оние кои нејзините трупи ги користеле досега во Украина, доколку не престанат украинските напади врз цивилни цели во отцепената проруски област Донбас со повеќецевни ракетни артилериските оружја со долг дострел донирани на Киев, во прв ред од САД.

Украинската војска соопшти дека Виница, град на 200 километри југозападно од главниот град Киев, била погодена со три руски крстосувачки ракети од типот „Калибр“ истрелани од неименувана подморница, а наводно украинските сили собориле уште два такви проектила.

Руското министерство за одбран потврди дека изминатите 24 часа ги користела проектилите „Калибр“, но не споменува ракетирање на Виница, туку дека во средата биле гаѓани хангари со украински ракетни системи во Запорожје.

Полицијата во Виница објави дека меѓу ранетите околу 50 се тешко повредени, како и дека 15 лица се водат како исчезнати.
„Крстосувачки проектили погодија два јавни објекта, уништени се куќи, медицински центар е уништен, автомобили и трамваи гореа.. Ова е чин на рускиот терор … досега умреа 20 луѓе“, рече Зеленски во обраќање на меѓународна конференција чија цел е процесуирање на можни воени злосторства во Украина.

Заменичката на украинскиот министер за одбрана, Хана Малјар, го опиша нападот како „уште еден доказ за геноцидот“ на брифинг во Киев. Министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба, пак, преку Twitter ја обвини Русија дека сторила „уште едно воено злосторство“,

Проектил претпладнето погодил паркиралиште на деловниот деветкатен блок „Јувелирниј“, соопшти Државната итна служба. Во ударот се оштетени блиските станбени згради и избил голем пожар, се додава. Претставник на службата рекол дека веројатно нема да бидат пронајдени уште преживеани под урнатините во Виница, која пред војната имала околу 370.000 жители.

За нападот на украинските сили врз Доњецк се известува дека била погодена автобуска постојка во центарот на градот, а притоа според првичните информации загинал возач на автобус на градска линија и девојка којашто се враќала од работа.

Челникот на сепаратистичката самопрогласена „народна република“ во Доњецк, Денис Пушилин, изјави дека украинските сили стрчале кон градот од хаубица „М777“ од американско производство од правец на Курахово, град кон западот на административната граница на регионот Доњецк, кој е под контрола на украинските трупи.

„Ова е уште едно гранатирање чијашто единствена цел се цивили“, рече Пушилин истакнувајќи дека во близина на погодената автобуска постојка нема ниеден воен објект.

Украинската војска засега не извести за гранатирањето во Доњецк.