Во германската престолнина Берлин, на 9-ти мај, кој Русија го одбележува како Ден на победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, над Рајхстагот прелета дрон на кој беше закачено руското знаме и четири ткн ленти на свети Георги, кое стана вирално на социјалните мрежи и предизвика остри полемики.
Во саботата, весникот Der Tagesspiegel објави дека дронот прелетал на 20 метри над источната страна на зградата. Берлинската полиција го привела мажот и отвори кривична истрага за инцидентот поради нарушување на законот за воздушен сообраќај. Имено, зоната за забрането користење на дронови се протега на 5,6 километри од близината на Рајхстагот.
Истрагата покажала дека станува збор 41-годишен маж од црноморскиот украински град Одеса, кој во Германија дошол во летото 2022 година.
И оваа година на 8-ми и 9-ти мај во Берлин беше забрането истакнување советски и руски симболи, како и истакнување на панделките на свети Георги, традиционално револуционерно руско обележје, на советските споменици, како и интонирање советски маршеви песни. Дополнително, по руската инвазија во Украина, забрането е и истакнување на симболите „Z“ и „V“ кои ги користат руските сили во борбените дејствија во југоисточните украински региони.
Инаку, како што објави весникот Bild, поради прекршување на овие забрани на 9-ти мај годинава биле приведени најмалку 10 лица присутни на собири во Берлин, а такви собири биле организирани и во Келн и во Виена. Во германската престолнина собраните ја пееле „Катјуша“, која стана еден од симболите на СССР во Втората светска војна, која во Русија се нарекува Големата татковинска војна/