(ВИДЕО) Украинец пред себе имаше празен гол, ама не даде гол!

Футсал репрезентацијата на Србија го претрпе вториот пораз на Европското првенство во Холандија. Со високи 6-1 победа извојува селекцијата на Украина, но најинтересниот момент на натпреварот не беше еден од седумте гола, туку по малку бизарното промашување на украинскиот играч Ихор Корсун.

Пред самиот крај на мечот, Србија играше без голман и го остави голот празен. Украинците успеаја да ја пресечат акцијата, а Корсун непречен од никого тргна кон противничкиот гол, ја водеше топката 30 метри, но на крај успеа да го промаши невозможното.

Со овој пораз Србија скоро сигурно ги загубија шансите за следна фаза, додека Украина со деби победата остана во игра за четвртфинале.

Видеото погледнете го ТУКА