ВИДЕО| Украински генерал: Источниот фронт се распадна

Источниот фронт на Украина во Доњецк всушност се урна, изјави украинскиот генерал-мајор Дмитро Марченко, пренесува во вторникот германската новинска агенција dpa.

Руските војници влегоа во градот Селидове западно од градот Доњецк и наскоро целосно ќе го окупираат, го цитира агенцијата генералот Марченко.

Во вторникот попладнето руското Министерство за одбрана соопшти дека градот паднал во рацете на руските сили.

„Како резултат на успешните дејствија на формациите и воените единици на групата сили Центар, градот Селидово на Доњецката Народна Република беше целосно ослободен“, се наведува во објавата од Москва, која доаѓа официјално ден откако и украински и руски воени блоери објавија дека градот минал под контрола на руските трупи.

„Сите знаеме дека не откривам никакви воени тајни кога велам дека нашиот фронт се распадна“, рече Марченко во видео-интервју.

Марченко ја припиша ситуацијата на недостигот од оружје и муниција и недостигот од војници.

„Војниците се уморни. Тие не можат да ја покријат целата линија на фронтот каде што се стационирани“, рече генералот, кој се прослави со успешното бранење на Миколаев и Керсон во јужна Украина на почетокот на војната во февраури 2022 година.

Селидове е град лоциран на линијата Селидове-Новогродовка-Гродовка, зад која за руските трупи се отвора патот кон стратешки важниот патен јазол Покровск, еден од најголемите и стратешки важни за одржување на украинските линии на одбраната во одметнатата Доњецка Народна Република. Покрај тоа, според воените аналитичари, руските сили би добиле можност да спроведе офанзива во задниот дел на групацијата на украинските вооружени сили во правецот на Курахова.

Руските трупи прво практично го опколија овој град кој пред војната имаше 24.000 жители, здобивајќи се со основа во јужните и источните области на Селодове, потиснувајќи ги украинските вооружени сили кон центарот. Потоа се водеа жестоки улични битки и за секоја од повеќекатниците во кои беа позициите на украинските борци.