На интернет кружи видео запис на кој се гледа како маскирани украински националисти, на мост во Доњецка малтретираат млад Русин и го фрлаат во река.
Украинската полиција тврдела дека немало пријави за напад и записот го оценила како проруска пропаганда.
Насилникот од видео записот најпрвин му се заканува на момчето, а потоа го удира, барајќи од него да се обврзе дека ќе го следи само вистинкото лидерство во државата, во овој случај привремените власти во Киев. Кога момчето ќе го одбие тоа, насилникот повторно го удира, го крева за нозете и го фрла во река.