Лидерот на десничарската холандска партија Форум за демократија, Тиери Боде, е нападнат во Белгија од маж кој извикувал слогани против Путин на украински. Пратеникот претходно се изјасни против воената поддршка на Западот за Киев.
Нападот е снимен на видео, на кое може да се види како Боде влегува во универзитетска зграда во белгискиот град Гент, каде што требало да одржи предавање. Додека се движи по скалите, маж со бејзбол капа се нафрли на политичарот, удирајќи го со некаков предмет. Холандските новински куќи, вклучително и холандската радиодифузна корпорација, велат дека Боде бил удрен со чадор.
Безбедносните служби веднаш го фатија напаѓачот кој постојано извикуваше „не на фашизмот, не на путинизмот“ на украински. Напаѓачот подоцна е приведен од полицијата.
Беше објавено дека Боде не претрпел поголеми повреди во нападот и го одржал закажаното предавање.
Nederlands politicus @thierrybaudet aangevallen nav toespraak aan @ugent… Politie staat erbij en kijkt ernaar. Hoe dikwijls hebben we dit al meegemaakt? Na #IS-aanslag weeral blamage voor onze veiligheidsdiensten. Rechtse politici zijn opgejaagd wild… pic.twitter.com/6MbJaTWKj5
— Filip Dewinter (@FDW_VB) October 26, 2023
„Можев да го одржам моето предавање откако испив чаша вода. Но, секако е многу жално што тоа се случи“, рече Боде.
Инцидентот наиде на осуда од холандските политичари од целиот политички спектар. Франс Тимерманс – социјалистичко-зелен политичар кој се кандидира на претстојните холандски избори – во објава на X рече дека нападот е „целосно неприфатлив“ и истакна дека „насилството никогаш не треба да се толерира“.
Холандскиот премиер во заминување Марк Руте, исто така, на социјалните мрежи изјави дека она што се случи со Боде е „неприфатливо“.
„Вие се борите против идеите на политичарите со кои не се согласувате со зборови и никогаш, никогаш, со насилство“, рече тој.
Боде е обвинет дека е „проруски“ поради неговото противење на испраќање воена помош во Киев и изјавување дека конфликтот меѓу Русија и Украина е резултат на „тунелската визија“ на Западот.
Тој, исто така, изрази сомневање во заклучоците од истрагата на Заедничката истражна комисија за соборувањето на малезискиот патнички авион Боинг МХ17, во која се тврдеше дека авионот бил соборен од руска ракета земја-воздух Бук.
Боде инсистираше на тоа дека Украина е виновна за инцидентот. Русија, исто така, постојано ја негираше одговорноста за соборувањето на MH17, истакнувајќи дека Украина поседува ист тип на систем што се користел за соборување на патничкиот авион.