Mилицијата во отцепениот регион Луганск објави снимка од двајца украински војници како го полагаат оружјето. Луганск вели дека по завршувањето на воените дејствија, тие ќе бидат ослободени и испратени дома. Објавени се и снимки од, како што се наведува, 14 украински војници кои се предале во Доњецк, вклучително и еден ранет војник кој добил медицинска помош.
View this post on Instagram
Украинските војници кои ќе се предадат ја добиваат сета потребна помош во согласност со меѓународните норми и конвенции, изјави во четвртокот шефот на Народната Република Доњецк (ДПР) Денис Пушилин.
„Што се однесува до вооружените формации на Украина, гледаме дека тие (делумно) се предаваат, бројот на затвореници расте, им се обезбедува сета потребна помош во согласност со меѓународните норми и конвенции“, рече тој на ТВ канал Русија-1.
Лидерот на ДПР истакна дека сите воени затвореници се преместуваат на локации подготвени од казнено-поправната служба, додавајќи дека ситуацијата во републиката останува мирна.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот наутро во телевизиско обраќање рече дека како одговор на барањето на шефовите на републиките во Донбас донел одлука да спроведе специјална воена операција со цел да ги заштити луѓето „кои страдаат од злоупотреба и геноцид од режимот во Киев во текот на осум години“. Рускиот лидер истакна дека Москва нема планови за окупација на украински територии.
Руското Министерство за одбрана подоцна во четвртокот објави дека руските трупи не изведувале напади врз украинските градови. Во него се нагласува дека украинската воена инфраструктура се уништува со прецизно оружје.