ВИДЕО| Украински војници во Северодонецк одбиваат да ја извршат наредбата

Војници од една од единиците на украинските вооружени сили распоредени во областа на Северодонецк во источниот одметнат проруски регион Луганск, снимиле обраќање до претседателот Владимир Зеленски и врховниот командант на украинските војски Валериј Залужни, во кое ги наведуваат причините зошто одбиваат да ја исполнат борбената задача, пренесува во вторникот украински медиум.

„Ние, водот од 115-та бригада на 3-от баталјон, кој сега е базиран во Северодонецк, апелираме до вас. Одбиваме да ја извршиме борбената задача поради тоа што ја немаме неопходната заднинска заштита. Имено: тешка воена опрема која би не покривла, како и и неопходно водство“, го цитира украинскиот сајт Страна.уа апелот на војниците.

Подоцна медиумот на своите социјални страници објави дека овие војници наводно се испратени во истражен затвор под обвинениe за дезертерство.

„Ние сме испратени во сигурна смрт. Немаме никакво водство, ниеден борбен командант, опрема, нема почит кон луѓето. Ние не се откажуваме од одбраната на својата земја, но сакаме да добиеме доверлива заднина и соодветна команда“, додаваат луѓето во видеото.

Претходно во вторникот „амбасадорот“ на самопрогласената Луганска Народна Република во Москва, Родион Мирошник, изјави дека луганските сепаратистички сили со поддршка на руските единици напредувале во самата област на Северодонецк и неговите предградија.

Севернодонецк, град кој започнува индустриски развој во раните 1930-ти години, е важен центар на хемиската индустрија во Украина. Според последните отворени ресурси, во најмалиот обласен центар во земјата, живеат околу 130.000 жители податоци, од кои 70 отсто се Украинци и 27 отсто Руси.