Челникот на кавкаската република Чеченија, Рамзан Кадиров, објави во четвртокот снимка од борби на руските сили во источната прориска област Луганск против едно од последните упоришта на украинските паравоени формации и истовремено објави дека јужниост пристанишен град Мариупол е ослободен од „бандеровските ѓубриња и нацисти и од чеченскојазичните шејтани“ речиси 90 до 95 отсто.
Кадиров алудира на украинските крајно десни групации чијашто идеологија произлегува до Степан Бандера, украински националист кој во Втората светска војна бил сојузник на нацистичка Германија. Приврзаните на овие групации чиј најголем противник историски е Русија, учествуваа во Чеченскит војни од 1990-те години на страната на исламистичките радикали кои сега заедно со нив се борат против руските сили во Украина.
„Мариупол е веќе 90 до 95 отсто ослободени од бандеровските ѓубриња, нацисите и шејтаните (шаволите) кои зборуваат чеченски. Животот постепено се враќа во градот ослободен од нив“, напиша Кадиров на Telegram.
Според чеченскиот лидер, кој е во Мориупол, жителите на овој стратешки важен град кој беше повеќе седмици опколен од руските единици и е речиси целосно разурнат, почнале да ги напуштаат засолништата на некои „дури и ги возат своите автомобили“. Има и луѓе кои се вратиле во градот, откако претходно побегнале пред борбите, тврди Кадиров.
„Последното место на коешто се кријат бандидите е големата металуршка фабрика Азовстал. Но и оттаму набрзо ќе бидат истерани од нашите војнции“, додава Кадиров.