(Видео)Уривале силос, урнале културен центар

Културен центар и книжарница биле урнати , откако настанала грешка при уривање на силос во Данска.
Иако шест месеци детално се подготвувало уривањето на силосот во градот Вордингборг, нешто не испаднало како што треба и силосот се урнал врз соседната зграда, намесо врз празната ливада.

 

За среќа, никој не е повреден кога со десет килограми експлозив била урната градбата висока 53 метри.

Со оглед на се она што беше направено за време на подготовките, силосот требаше да се урне во вистинската насока, изјави заменик на шефот на Данското здружение за експлозиви, Јохан Финстен Гјодвајде.

Покрената е истрага за инцидентот, која трба да покаже зошто силосот се урнал на погрешната страна.