Турција открила уште една поморска мина во Црното Море, во близина на Игнеада, недалеку од границата со Бугарија, соопшто во понеделникот турското министерство за одбрана.
„На 28-ми март 2022-та во утринските часови беше открина мина во близина на брегот на Игнеада во близина на бугарската поморска граница, а екипите на Подводната одбрана (SAS) во регионот беа брзо распоредени на местото“, објави на Twitter турското министерство за одбрана.
„Мината беше обезбедена од тимовите на SAS и беше преземена интервенција за нејзино неутрализирање“, се додава.
Претходно во саботата Турција потврди дека подводна мина, за којашто се сомнева дека е една од оние кои неконтролирано плутаат во Црното Море, била откриена од рибари крај Истанбул и подоцна неутрализирана. Подоцна турската телевизија Т24 објави дека е пријавен уште еден сличен објект во водите на Босфорскиот теснец. Потоа беше објавено дека е забелажан уште еден сомнителен пловечки објект.
Украинските подводни мини кои се откачиле од своите сидра пред пристаништата поставени пред руската воена офанзива и сега слободно плутаат може да стигнат во територијалните води на Романија за четири а на Бугарија за десет дена, предупреди во саботата на редовниот брифинг генерал-полковникот Михаил Мизинцев, началник на рускиот Национален центар за управување со одбраната.
поред него, со влошувањето на хидрометеоролошките услови во северните области на Црното Море останува активна заканата од мините кои се откачиле од нивните сидра долж бреговите на црноморските држави.
Руското разузнавање во понеделникот го повтори предупредувањето дека неколку мини отплутале во морето откако се одвоиле од каблите во близина на украинските пристаништа, но Украина ги отфрли таквите тврдења како „дезинформација и обид да се затворат делови од морето“.
Руското разузнавање соопшти и дека украинските поморски сили по почетокот на воените дејствија во Украина поставила околу 420 подводни мини од стар тип на приодите кон пристаништата Одеса, Очаков, Черноморск и Јужни.
Русија тогаш предупреди дека поморските мини би можеле да отпловат неконтролирано до Босфор или дури до Средоземното Море. Според овие податоци, станува збор за застaрени мини произведени во втората половина од минатиот век, и се предупредува дека бурите влијаеле врз кинењето на каблите кои ги поврзуваат мините со котвите и оти поради површинските морски струи кои се движат во јужна насока не е исклучено плутање и придвижување на мините кон Босфорот, а потоа и кон морињата во Средоземноморскиот басен.
Турската воена морнарица во петокот побара од бродовите и другите пловила да ги следат и да известуваат за сомнителни пловечки објекти или мини, пренесе весникот Hürriyet. По неутализирањето на мината, турските власти во саботата попладнето го отворија за пловидба теснецот Босфор, но останува забранет риболовот во крајбрежјето на Црното Море.
Црното Море е главната поморска артерија за транспорт на жито, нафта и нафтени деривати. Поврзано е со Мраморното и со Средоземното море преку Босфор кои минува низ средиштето на Истанбул, најголемиот турски град со повеќе од 16 милиои жители.
Turkiye's Underwater Defense teams neutralizing mine found off coast of Igneada https://t.co/REjEzzzaWh pic.twitter.com/lmn6A0hBAk
— ANADOLU AGENCY (@anadoluagency) March 28, 2022